Анализа: Кој распишува, а кој добива тендери за справувањето со снегот?
Годинава се склучени 59 договори за зимско одржување, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Вкупната вредност на склучените договори е 3,5 милиони евра, пресмета порталот Пари. Најголем дел од договорите ги склучило Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, а договори имаат склучено и многу општини. Договорите се склучуваат со приватни компании, освен Општина Демир Хисар, која склучила договор со ЈП Комуналец – Демир Хисар.
Некои од овие договори завршуваат годинава. Некои се за сезона 2024/2025. На некои пишува две години од склучувањето. Но, заеднички именител на сите договори е што се склучени годинава.
Инаку, интересен факт е што државата понудила многу поголем рамковен износ за сите тендери во однос на склучените, а цената најмногу ја симнале договорите со Јавното претпријатие за одржув…