Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, Македонија пат, склучи договор за двегодишна набавка на индустриска сол во вредност од 2,9 милиони евра без ДДВ, односно 3,4 милиони евра со данок. На огласот за јавна набавка се јавиле 4 компании, но избраната компанија, ДИМАКС РУДНИЦИ, од с. Сопотница, Демир Хисар, понудила најниска цена – 5.588 денари за тон, без ДДВ. Највисоката понудена цена, пак, била 11.000 денари.
Договорот е рамковен, што значи дека и не мора да се искористи целата количина на сол – 32.229 тони, доколку нема потреба од неа. Како што пишува во договорот, во рамковната цена се вклучени сите трошоци и компанијата е должна по направената нарачка да ја превезе солта со посебно товарно возило со заштитна церада до зимските пунктови наведени од страна на Јавното претпријатие.
ДИМАКС РУДНИЦИ веќе е редовен снабдувач со индустриска сол на претпријатието за одржување на магистралните и регионалните пати…