Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

За три месеци + 2.326 денари: за живот на минимум потребни 67.818 денари

20 мар. 2026 г.·2 мин читање·6949 прегледи

Следете не на Viber

По тримесечниот раст од 2.326 денари, синдикалната минимална кошница месецов достигна 67.818 денари. Само за еден месец е поскапа за 436 денари.

Ова е поповолната варијанта. Со изнајмен стан од 60 квадрати, мартовската кошница тежи 83.193 денари.

„За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари“, коментираат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од ССМ посочуваат и на разликите во цените на горивата, потсетувајќи дека Еуродизел БС (Д-Е V) на 5 јануари чинел 64,5 денари за литар, а на 16 март 92 денари за литар, „или за три месеци се зголемила за +27,50 (денари/литар)“.

Воедно, прашуваат: „Дали животот на македонските работници ќе се подобри ако ССМ престане да ја пресметува вредноста на синдикалната минимална кошница и дали во тој случај македонските работници ќе бидат задоволни со висината на нивните плати како што се обидуваат да ја претстават состојбата владините претставници?“.

Владата, пак, креираше потрошувачка кошница – за 13 проценти поевтина од синдикалната. На почетоков од месецот беше презентирана пред Економско-социјалниот совет, а до крајот на месецов поторно ќе биде ставена на дневен ред за дискусија.

Како што изјави тогаш министерот за економија, Бесар Дурмиши, кошницата опфаќа 101 производ кои се реален приказ на минималните трошоци соодветни на просечно семејство. Во тој состав ги нема трошоците за кирија, односно како што рече Дурмиши „според Пописот, 90 проценти од населението има сопствен дом“. Според него, синдикалната кошница не е реална.

Клучни зборови

  • март
  • синдикална минимална кошница
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk