Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

За старт и за формализирање на бизнис – од 7.000 до 10.000 евра: Се аплицира до 20 јуни

9 јун. 2025 г.·2 мин читање·2967 прегледи

Следете не на Viber

Со грантови од 430.500 до 615.000 денари Владата ќе инвестира во бизнис потенцијалот на граѓаните, ќе ја зголемува вработеност и ќе ја развива економијата, соопшти министерот за економија. Предвидени се седум илјади евра за граѓаните со над 29 години и десет илјади евра за младите до 29-годишна возраст. За лицата со попреченост се одредени дополнителни средства – до 250.000 денари над основниот грант. Ова се мерките содржани во Јавниот повик од годинешниот Оперативен план за вработување. Наменети се за невработените лица кои имаат план и намера да започнат сопствен бизнис. Рокот за аплцирање е 20 јуни.

Право да конкурираат за овие средства имаат невработените од евиденцијата на Агенцијата за вработување, жените од руралните средини, како и жртвите на семејно насилство. Потоа, корисниците на гарантирана минимална помош и лицата со попреченост. Владата таа можност им ја дава и на повратниците од странство. Но, и граѓаните кои сакаат да ја формализираат својата дејност. Што претпоставува дека им се подава рака – од сивата неформална, да преминат во формалната легална зона.

Исто така, овие мерки вклучуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство. Целта е освен финансиската поддршка, апликантите да добијат и знаење и насоки за успешно водење на бизнисот.

„Нашата цел е да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да градат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку и директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и развојот на економијата. Ова не е само ветување, туку создавање реални можности за вработување и развој“, посочи на денешната прес-конференција министерот за економија, Бесар Дурмиши.

Јавниот повик не се однесува на дел од земјоделските активности, на такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при вработување. Но, според Дурмиши, за жените од руралните средини и за лицата со попреченост постојат одредени исклучоци, согласно актуелната

Клучни зборови

  • Бесар Дурмиши
  • бизнис
  • грантови
  • Невработени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk