Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

ЗА ПРВПАТ ОД ВРЕМЕТО НА НЕАНДЕРТАЛЦИТЕ: Зелената комета се приближува на Земјата по 50.000 години (ВИДЕО)

18 јан. 2023 г.·3 мин читање·1195 прегледи

Следете не на Viber

Светло зелена комета е на траекторија која во вселената ја води блиску до Земјата за прв пат по 50.000 години и ќе биде во близина на нашата планета околу еден месец. Претставниците на НАСА изјавија дека ледениот посетител првпат бил забележан во март 2022 година додека бил во орбитата на Јупитер. Може да се види преку двоглед како мал зелен сјај на оние на северната хемисфера почнувајќи од четврток.

Најблиску до Земјата ќе биде на 2 февруари, велат научниците. „Кометите се озлогласено непредвидливи, но ако оваа го продолжи сегашниот тренд во осветленоста, ќе биде лесно да се забележи“, објави НАСА на својот блог претходно овој месец. „Едноставно е можно да стане видлива со голо око под темно небо“,

Леденото небесно тело – наречено C/2022 E3 (ZTF), според НАСА – го прави своето најблиско приближување до Сонцето на 12 јануари пред најблиското приближување до Земјата на 2 февруари. Последен пат кога оваа комета поминувала блиску до Земјата, на планетава се уште живееле Неандерталците.

Во тој момент тоа ќе биде само околу 42 милиони километри оддалечено од планетата, според Планетарното друштво.

Пензионираниот професор по природни науки и астрофотограф Ден Бартлет снимаше слики од кометата од неговата кабина во близина на националниот парк Јосемит во Калифорнија и гледањето во небото го нарекува „понизно“ искуство.

„Ви велам – двоглед, темна локација – ќе видите нешто. Донесете пријатели и сите ќе видите нешто единствено во животот“, изјави Бартлет за Би-Би-Си.

Тој чува два „прилично импресивни дофати“ на својот трем во Јунското Езеро, а ведрите ноќи и темното небо му дозволуваат да ги сними импресивните фотографии.

„Секогаш кога имате езерски систем околу вас, или океански систем, тоа предизвикува помалку мазен проток на воздух. Помазниот проток на воздух значи дека ѕвездите не трепкаат толку многу за да добиете повеќе детали“, објасни тој.

За набљудувачите на северната хемисфера без телескоп, кометата ќе изгледа како „бледа, зеленикава дамка на небото“, додека оние со телескоп би можеле да ја видат драматичната видлива опашка на кометата, соопштија од Планетарното друштво.

Светло зелен сјај ќе биде видлив за набљудувачите на северната хемисфера на утринското небо додека кометата се движи северозападно во текот на месец јануари. Оние на јужната хемисфера ќе можат да го забележат во февруари, соопшти НАСА.

Не се очекува дека кометата ќе биде толку „спектакл“ како кометата NEOWISE од 2020 година – најсветлата комета видлива од северната хемисфера од 1997 година, соопшти НАСА. Но, сепак е „одлична можност да се направи лична врска со леден посетител од далечниот надворешен Сончев систем“, соопшти НАСА.

На кометата и се потребни околу 50.000 години за да орбитира околу Сонцето, така што е ова „можност да се види ќе има само еднаш во животот“, велат од Планетарното друштво.

Клучни зборови

  • комета
  • наса
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk