Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

За поголема отпорност на банките – стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот достигна 1,75% 

21 јул. 2024 г.·3 мин читање·1064 прегледи

Следете не на Viber

За дополнително зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и за зајакнување на финансиската стабилност стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 проценти, а ќе се применува од први август 2025 година. Ризици сѐ уште постојат и во домашната и во светската економија, па Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за зголемување од 0,25 процентни поени.

„Одлуката се заснова врз оцената дека сѐ уште постојат неизвесности од окружувањето, во услови на сигурен и стабилен банкарски систем, со подобрена солвентност и соодветно ниво на ликвидност, како и ниско системско остварување на кредитниот ризик. Профитабилноста на банките, иако поумерено, и понатаму се зголемува и претставува основа за натамошно јакнење на нивната  солвентност. Со оваа одлука дополнително се зајакнува и претпазливоста на монетарната политика“, соопштија од НБРСМ.

Всушност оваа мерка, која е воведена со одлуката донесена во јули 2022, почна да се применува од први август 2023 година, со првична стапка од 0,5 проценти. Противцикличниот заштитен слој на капиталот е одбранбен механизам за банките во справувањето со ризиците кои произлегуваат од промените во кредитниот циклус. Се зголемува во периоди кога има значителен кредитен раст, а се намалува или се ослободува кога ќе се забележи олабавување во кредитниот циклус. Па, во услови на висок кредитен раст, со одлука на НБРСМ, банките имаат обврска да го зголемуваат нивото на капитал со кое располагаат.

А, централната банка, која редовно ги анализира состојбите и квартално ја преоценува висината на стапкат, цени дека е потребно нејзино зголемување, затоа што неизвесните макроекономски услови и нестабилниот геополитички контекст и натаму упатуваат на ризици за следниот период и на потребата од натамошна внимателност од страна на банките.

„Во вакви услови, а имајќи ги предвид билансите на банките, се оцени дека зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот до 1,75% има превентивен карактер и ќе придонесе кон натамошно јакнење на сопствените средства на банките, а со тоа и јакнење на нивната отпорност. Јакнењето на сопствените средства е предуслов и за соодветна кредитна поддршка на граѓаните и на компаниите“, сметаат од Народната банка.

Инаку, последната стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот, која ќе важи од август идната година е највисока досега. Во текот на 2023 била на почетното ниво од 0,5 проценти, во првата половина од годинава 0,75, а од први јули е еден процент и ќе има важност сѐ до последниот ден на октомври. Од први ноември па до крајот на годинава банките ќе се раководат според стапката од 1,25, а потоа од први јануари па до 30 јули противцикличниот заштитен слој на капиталот е 1,5 проценти.

Клучни зборови

  • август 2025
  • Народна банка
  • Одлука
  • противцикличниот заштитен слој
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk