Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

За поголем економски развој клучно е поголемо вклучување на женскиот лидерски потенцијал

7 сеп. 2023 г.·4 мин читање·1724 прегледи

Следете не на Viber

Поголемото учество на жените на лидерски позиции поттикнува развој и носи просперитет во секое општество. Ова го истакнаа учесничките на настанот што се одржа под мотото „Заедно успешни – ослободување на женскиот лидерски потенцијал“. Настанот го организираше АХК Сeверна Македонија, како дел од мрежата на германските стопански комори во странство и Македонско – Германското стопанско здружение заедно со својата премиум членка ЕОS Матрих ДООЕЛ Скопје, која воедно беше и домаќин на овој настан. Тој се одржува втора година по ред, а е дел од платформата АХК мрежа на деловни жени – Зајакнување на женското лидерство (AHK Woman Bussniess Network – Female Empowerment).

На настанот свои обраќања, покрај Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, имаа и Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих С. Македонија и ЕОЅ Матрих Косово, Марија Дуковска – Павловска, генерална директорка на Макстил и Eлена Младеновска – Јеленковиќ, извршна директорка на М6 Едукативен центар.

АХК мрежата на деловни жени – Зајакнување на женското лидерство (AHK Woman Bussniess Network – Female Empowerment) е платформа за жените менаџерки од компаниите членки на Македонско – Германското стопанско здружение.

„Се залагаме за јакнење на женското лидерство во економијата, воедно градиме и мрежа каде жените од деловниот свет можат да разменат лични искуства, да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат на менаџерските позиции, да учат едни од други и да си бидат поддршка. Со споделување на конкретни искуства на успешни жени менаџерки сакаме да ги охрабриме и мотивираме идните генерации да се стремат кон успех и лидерски позиции во компаниите“, истакна Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија.

Настанот се одржа во просториите на ЕОЅ Матрих во Скопје, а пред присутните претставници на бизнис заедницата се обрати и генералната директорка на компанијата,   д-р Катерина Бошевска.

„Современите општества се темелат на принципот на еднаквост, но сепак, само 10% од компаниите на „Форчн 500” (Fortune 500) се предводени од жени. Затоа треба да работиме да се примени целосно овој принцип и затоа важно е да се работи на зајакнување на женскиот лидерски потенцијал во сите сфери во општеството. Децениски студии покажуваат дека жените лидери помагаат да се зголеми продуктивноста, да се подобри правичноста и функционираат како повеќе трансформативни лидери од мажите. Тие го инспирираат својот тим, го тренираат својот тим, ја нагласуваат тимската работа и автентичната комуникација како клуч за успехот. Затоа е важно да го градиме лидерскиот потенцијал кај младите жени“, истакна Бошевска.

ЕОЅ Матрих е водечки финансиски инвеститор базиран на напредни технологии, а компанијата одбележа 20 години од своето работење на пазарот.

Како дел од мрежата на стопански комори, АХК Северна Македонија преку своите активности создава цврсти врски помеѓу македонските и германските компании, зајакнувајќи ја економската соработка помеѓу двете земји. Германија е традиционално еден од најважните трговски партнери. Во вториот квартал од 2023 година Германија е втора земја по висината на странските директни инвестиции, кои изнесуваат 56,9 милиони евра.

Клучни зборови

  • Woman Bussniess Network
  • АХК
  • ЕОS Матрих ДООЕЛ Скопје
  • женско лидерство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk