Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ЕдукацијаФинансии

За подобра финансиска едукација на младите – Меморандум за соработка меѓу КХВ, ПМФ и Сојузот на математичари

11 јул. 2024 г.·1 мин читање·1865 прегледи

Следете не на Viber

Со цел да се зголеми финансиската едукација кај младата популација и нивната писменост, склучен е Меморандум за соработка меѓу Комисијата за хартии од вредност на, Природно-математичкиот факултет од Скопје при УКИМ и Сојузот на математичари на Македонија.

Повод за официјално договорената соработка е Македонската економска олимпијада, која традиционално се организира во земјава. Се смета дека на тој начин ќе биде овозможено полесно  откривање, поддршка и поттикнување на натпреварувачкиот дух кај учениците од средното образование. Преку предавања што ќе ги одржуваат експерти од КХВ младите ќе се стекнат со продлабочени знаења од областа на финансиските пазари, економијата и инвестирањето. А, најуспешните ученици ќе се натпреваруваат на финалето на Меѓународната економска олимпијада, која ќе се одржи во Хонг Конг на крајот од месецов.

Потписници на Меморандумот се претседателката на КХВ, Нора Алити, деканот на ПМФ, Даворин Трпески, и претседателот на Сојузот на математичарите, Ѓорѓи Маркоски.

Клучни зборови

  • Комисија за хартии од вредност
  • македонска економска олимпијада
  • Природно - математички факултет - Скопје
  • Сојуз на математичари
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk