Пари анализа: Движење на пензии, придонеси и државни трансфери во последните 5 години
За пензии годинава се планирани 1,2 милијарди евра. Тоа е дури 119,3 милиони евра, или 10,8 проценти повеќе отколку од ребалансираниот буџет за 2022 година, кога биле наменети 1,1 милијарди евра. Расте износот наменет за пензии, но расте и планираниот износ од пензиските придонеси. Така, од придонеси за пензиско осигурување во 2023 година се планира да се соберат 981,8 милиони евра, додека лани во последниот ребаланс на Буџетот, износот од придонесите за пензиско осигурување бил 868,5 милиони евра.
Но, од државната каса не се покрива само разликата меѓу пензиите и собраните пари од пензискиот придонес, туку повеќе. Причината е што еден дел од пензискиот придонес не оди во Фондот за ПИОМ за сегашните пензионери, туку оди во задолжителните приватни пензиски фондови, како лични пари на сегашните вработени, а идни пензионери. Секако, освен пензиите, мора да се покрие и самото работење на Фондот за ПИОМ. Резултат на тоа е наведеното во Буџетот за 2023 година: трансферот од централниот буџет во Фондот за ПИ…