За неполни дванаесет години, од 2011 година до сега, домашните банки заработиле над една милијарда евра ‒ покажува анализата на порталот ,,Пари”. Бројките говорат дека профитите на банките драстично растат од 2016 година наваму, па во тој период тие немаат годишна заработувачка помала од 100 милиони евра, за разлика од претходните години, кога профитот на банките бил од 20 до 74 милиони евра. Дека се недопирливи за кризата покажаа и пандемиските години, кога заработувачката на домашните банки убедливо порасна. Така, во пандемиската 2020 година тие оствариле профит од 118 милиони евра. Наредната, 2021, година на свое конто на име профит ставиле дополнителни над 30 милиони евра и годината ја завршиле со рекордна заработувачка од 149 милиони евра. А годинава се на пат да го срушат и тој рекорд. Само за девет месеци од годинава профитот на домашните банки е неверојатен и изнесува 131 милион евра, покажува статистиката на Народната банка. Тоа е за 13 милиони евра повеќе од добивк…