Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

За јакнење на почетниот капитал „Опфолио“ ќе издаде нова емисија акции

31 мај 2024 г.·2 мин читање·1477 прегледи

Следете не на Viber

„Опфолио“ ќе ја издаде втората емисија акции по пат на приватна понуда, во вредност од 230 илјади евра. На овој начин ќе го зголеми почетниот капитал.

Информацијата ја сподели Комисијата за хартии од вредност, од каде што компанијата доби одобрение за новата емисија.

„Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на Друштвото за информатичка технологија, инвестиции и советодавни услуги ‘Офполио’ АД Скопје му даде одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за втора емисија на 2000 обични акции со поединечна продажна вредност по акција од 115 евра, односно со вкупен износ на емисијата од 230.000 евра“, стои во известувањето.

Исто така, се наведува дека емисијата е во функција на зголемување на основната главнина со нови влогови што ќе се реализира со издавањето акции за однапред познати купувачи.

„Со приватната понуда, друштвото прибира средства заради подобрување на финансиската стабилност, за успешно покривање на тековните оперативни активности и за зголемување на потенцијалот за нови инвестициски можности“, се вели во објавата на КХВ.

„Опфолио“ е релативно нова фирма, која на пазарот делува од 2021 година. Според официјалните податоци, има скромни почетоци со приходи кои во првата година изнесуваат 421.372 денари (нецели седум илјади евра), за лани да достигнат 4.768.676 денари (над 77 илјади евра). Првата добивка од работењето ја оствариле минатата година – 3.593.026 денари (58,4 илјади евра).

Од 2022 година Друштвото е ориентирано кон инвестиции во акции.

Клучни зборови

  • КХВ
  • Нова емисија на Хартии од вредност
  • опфолио
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk