Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

За граѓаните „Инвеститорски ден“ на Берзата: Тргување без трошоци

13 сеп. 2023 г.·2 мин читање·1074 прегледи

Следете не на Viber

Денес граѓаните можат да купуваат и да продаваат акции без дополнителни трошоци. Тоа е можно во рамките на настанот „Инвеститорски ден“, што годинава по четврти пат го организира Македонска берза.

За заинтересираните поединци тоа значи дека можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти, но без трансакциските трошоци што вообичаено ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници – Берзата, ЦДХВ, банките и брокерските куќи што се вклучени во оваа иницијатива.

Условите кои треба да се запазат предвидуваат: трансакциите да се склучени преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од членки на Берзата; износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не е над 10.000 евра, без оглед на бројот на трансакции; трансакциите да се склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

На овој начин се стимулира учеството на граѓаните, односно на домашните инвеститори поединци, на македонскиот пазар на хартии од вредност. Со цел да вложуваат во акции издадени од македонските компании што се тргуваат на Македонска берза. А, преку тоа, да се зголеми нивото на знаење за овој вид финансиски инструменти и да се подобри инвестициската култура.

Во „Инвеститорскиот ден“ се вклучени десетте членки на Берзата – „Еурохаус“, „Илирика Инвестментс“, „Инвестброкер“, „Иново Брокер“, Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка, ТТК банка, „Фершпед брокер“ и Шпаркасе банка.

Иницијативата е поддржана и од Комисијата за хартии од вредност.

Клучни зборови

  • Инвеститорски ден
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk