Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

За една година раст на депозитите за 7,4 проценти и на кредитите за 5,2 отсто

22 апр. 2021 г.·2 мин читање·2501 прегледи

Следете не на Viber

Раст на месечна и годишна основа на вкупните депозити и на вкупните кредити покажуваат податоците на Народната банка за месец март.

Вкупните депозити на годишна основа, се зголемени за 7,4 проценти, при речиси подеднаков придонес на депозитите кај двата сектора.

-Во март, вкупните депозити остварија месечен раст од 0,7 отсто со поголем придонес на депозитите на корпоративниот сектор, при помал, но позитивен придонес и на депозитите на секторот „домаќинства”. Анализирано на годишна основа, вкупните депозити се повисоки за 7,4 отсто, при речиси еднаков придонес на депозитите кај двата сектора, се вели во соопштението од Народна банка..

Од податоците на Народната банка може да се види и дека на годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,2 проценти.

Нагорната промена, според Народната Банка е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства”.

– Вкупните кредити во март, се зголемени за 0,9 отсто и 5,2 отсто, на месечна и годишна основа, соодветно, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”, стои во сообштението од Народната банка.

Клучни зборови

  • депозити
  • кредити
  • март
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk