Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

За една година депозитите зголемени за 1,14 милијарди, кредитите за 976 милиони евра

21 јул. 2025 г.·4 мин читање·4077 прегледи

Следете не на Viber

Во континуитет се зголемуваат и депозитите и кредитите што ги одобруваат банките на граѓаните и на компаниите. Доверените пари само што не се позиционирале на прагот од 10 милијарди евра, додека задолженост е близу 8,5 милијарди евра. Процентуалните движења се речиси идентични – депозитите, на годишна основа се повисоки за 12,9, а кредитната подршка за 13 насто. Ова се должи на навиките и на потребите на двата сектори, со тоа што кај влоговите поголем е придонесот на домаќинствата, а кај кредитирањето – на корпоративниот сектор.

Во јуни, според последните податоци за монетарните движења од Народната банка, вупните депозити се зголемени за 0,9 насто или за над 92 милиони евра. Нивниот износ достигнува 614.794 милиони денари, што е еднакво на 9,99 милијарди евра. И покрај тоа што населението предничи во доменот на штедењето, сепак, јунскиот раст во целост произлегува од зголемувањето на депозитите на корпоративниот сектор. За споредба, лани во шестиот месец кај депозитите е забележана сума од 544.683 милиони денари (8,85 милијарди евра), а тоа значи дека за една година се повисоки за 1,14 милијарди евра.

Месечното нагорно движење кај кредитите е за 1,6 насто. Со одобрените во јуни 137,5 милиони евра, вкупнот износ е 522.463 милиони денари, односно 8,49 милијарди евра. За една година, пак, се зголемени за 976 милиони евра (7,5 милијарди евра – јуни 2024).

Дали поради годишните одмори или заради други причини, јуни донел осипување на граѓанските депозити. Повлечени се скоро 1,7 милиони евра. Депозитите на домаќинствата се 411.723 милиони денари (6,69 милијарди евра). Од друга страна, за една година бележат зголемување за 13 проценти, кои претставуваат сума од 769 милиони евра.

Кога се зборува за задолжувањето, тоа е зголемено и на месечна ‒  за 1,2 насто и на годишна основа – за 10,3 насто. „Промената кај двете основи се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари“, појаснуваат од Народната банка. А, податоците велат: за еден месец долгот на населението кон банките е поголем за 79,7 милиони евра, а за една година – за над 399 милиони евра. Јунската вкупна задолженост на домаќинствата е 262.605 милиони евра или 4,27 милијарди евра.

Притоа, потрошувачките кредити се зголемени еден процент месечно и за 9,8 проценти годишно. Во јуни се работи за вкупен износ од 134.883 милиони евра (2,19 милијарди евра). Станбените кредити пораснале за месечни 1,4 и годиншни 15 насто. Во овој сегмент задолженоста достигнува  101.111 милиони денари (1,64 милијарди евра).

Во текот на минатиот месец опаднала побарувачката за автомобилски кредити за минимални 0,1 отсто. И на годишно ниво има пад – за 2,8 отсто, а износот во јуни е речиси ист како и во мај, 6,6 милиони евра.

Задолжувањето по пат на кредитните картички е зголемено за 0,2, а негативните салда во јуни се повисоки за 3,7 насто. Сепак, и во двата случаи има годишно намалување за 7,6, односно за 4,2 отсто. Кредитите одобрени врз други основи се пониски за месечни 1,4 и за годишни 8,5 проценти.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор во јуни зајакнале за близу 2,6 милиони евра (+3,1%) и изнесуваат 176.337 милиони денари, односно 2,86 милијарди евра. На годишна основа овде е остварено зголемување од 14,6 насто.

Во јуни, компаниите побарале и добиле од банките кредитна поддршка од 87,6 милиони евра (+2,1%). Годишната промена е исто така позитивна (+16,0%), а вкупно корпоративниот сектор должи 257.315 милиони денари (4,18 милијарди евра). Притоа, посочуваат од Народната банка, „месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута“.

Во подолг временски период е забележливо дека и населението и бизнсите сѐ повеќе се ориентираат кон домашната валута. И во двата сегменти – депозити и кредити – доминантен е денарот.

Клучни зборови

  • вкупни депозити
  • вкупни кредити
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk