Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ, но во споредба со лани зголемени за 3,5 отсто

7 ное. 2024 г.·3 мин читање·990 прегледи

Следете не на Viber

Дали и следи на македонската економија стабилизација? На месечно ниво инфлацијата во октомври во однос на септември е намалена за 0,7, а цените на мало се намалени за 0,1%. Како што покажуваат податоците на Државен завод за статистика, намалувањето на инфлацијата на месечна основа е резултат на пониските трошоците на животот во  групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, ресторани и хотели за 1,5 % и во групата рекреација и култура за 0,9 %.

Додека, пак, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година во споредба со истиот период ланската година, бележи зголемување од 3,5 %, а цените на мало бележи зголемување од 3,9%.

Зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4 %, облека и обувки за 1,4 %, транспорт за 0,7 %, здравје за 0,3 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2 %, и во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1 %.

Во септември инфлацијата изнесуваше 2,6%, додека во август таа изнесуваше 2,2 %.

Владата нотора дека синдикалната кошничка е намалена за 1.000 денари, и децидни се дека конкретните мерки на Владата даваат решение.

-Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1.000 денари во октомври споредено со септември оваа година. Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните – велат од Владата.

Минатата недела заврши владината мерка за есенската потрошувачка кошничка, и на 73 производи кои се дел од неа им се одмрзнува бруто профитната маржи. Граѓаните останаа со отворени прашаа, за дали ќе има покаќување на цените по завршување на владината мерка, но министерот за економија Бесар Дурмиши истакна дека дека трговците нема да ги покачат цените, со оглед на тоа што на сила е и законот за забрана на нефер трговски практики, со кој над 2 500 производи имаат огранична маржа до 10 %.

Тој пред две недели истакана дека кога ќе завршува оваа мерка ако имам драстично покачување на цените во наредниот месец, ќе донесат поригорозни мерки.

Од ССМ сметаат дека последната мерка не ги дала вистинските резултати бидејќи трговците ја изиграле. Уште еднаш денеска побараа вклучување на синдикатот при креирање на идните мерки но и зголемени контроли од Државниот пазарен инспекторат.

Со оглед на растот на трошоците за живот од синикадтот велат час поскоро надлежните треба да излезат со решение за раст на минималецот.

Клучни зборови

  • ДЗС
  • инфлација
  • Трошоци на живот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk