Анализа: Што се случува со стандардот низ призмата на синдикалната кошница и платите?
Просечните нето-плати од декември до февруари се намалуваат, а синдикалната кошница упорно поскапува. Во март имаше раст на минималната плата, па очекувањата се дека ќе има и раст на просечната нето-плата. Но, прашањето е – дали тој раст ќе ја подобри покриеноста на кошницата со заработувачката.
Анализата на порталот „Пари“ дава прилично разочарувачка слика за случувањата со животниот стандард. Во периодот од декември до март (заклучно со февруари), просечната нето-плата се намалила за 731 денар! Во истиот тој период цената на синдикалната кошница се зголемила за 954 денари!?
Сѐ уште нема податоци за просечна плата за март и за април, и очекувано е поради мартовскиот раст на минималната плата да се зголеми и републичкиот…