„Пари“ пресмета колку чинат позајмените 3,9 милијарди евра со 9 еврообврзници
Во 2027 година ќе ги вратиме 500-те милиони евра од сегашната еврообврзница, а дотогаш ќе стигнат за плаќање уште три во вкупна вредност од 1,9 милијарди евра. Покрај основицата, ќе се враќаат и каматите.
„Пари“ пресмета колкави се каматите за досега земените еврообврзници. Податоците кажуваат дека за сите претходни осум еврообврзници, вкупниот износ на камати што сме го платиле или што допрва доаѓа за плаќање е дури 867,8 милиони евра. Ова се камати за вкупно позајмени 3,4 милијарди евра. На овој износ треба да ги додадеме новите 500 милиони евра. Во првичното соопштение од Министерството за финансии, не кажаа кога е рокот на враќање на новата еврообврзница, но соопштија дека годишната…