Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

За Денот на македонските рудари: Бучим донира 40.000 евра за Здравствениот дом Радовиш

29 авг. 2025 г.·3 мин читање·2027 прегледи

Следете не на Viber

Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, кој е симбол на трудот, посветеноста и истрајноста на рударите. Во чест на празникот, Бучим најави донација за Здравствениот дом во Радовиш. Со 40 илјади евра ќе се обезбеди целосна дигитализација на рендген машината. А тоа ќе овозможи побрза и поефикасна здравствена услуга, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон подобрување на квалитетот на живот за локалната заедница. На свеченоста присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски,  соработници и претставници на локалната заедница.

Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за својот придонес во успехот, а 24 најуспешни беа одликувани со дополнителни бонуси како признание за нивните извонредни резултати, труд и посветеност. Наградите и признанијата се дел од стратегијата на „Бучим“ за вреднување на човечкиот капитал како најважен ресурс во рударството.

Од оваа година Бучим и Боров дол ќе бидат една компанија која се стреми да гради одржлива рударска приказна.

„Со претстојното припојување на Боров Дол кон Бучим започнуваме ново поглавје во македонското рударство. Градиме стабилна и одржлива компанија која не е насочена единствено кон производството, туку и кон луѓето – вработените и заедницата. Се залагаме за создавање на средина во која секој вработен ќе работи безбедно, ќе има можност за професионален развој и ќе придонесува кон трајна вредност за идните генерации“, рече во своето обраќање, заменик генералниот директор на Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров.

Радовиш и Бучим секоја година на 28 август потсетуваат на историскиот штрајк на рударите во Лојане во 1929 година – чин што остави длабока трага во борбата за достоинство и работнички права, и кој претставува вечен потсетник дека рударството е дел од идентитетот и културното наследство на македонскиот народ.

Прославата беше заокружена со концерт на групите „Нокаут“ и „Дивље Јагоде“ во центарот   на   Радовиш,   со   што   празникот   доби   и   културна   димензија,   обединувајќи   ја заедницата во духот на почит и благодарност кон рударите.

Клучни зборови

  • бучим
  • Ден на македонските рудари
  • Здравствен дом Радовиш
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk