Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЗА БИЗНИСИТЕ КРЕДИТИ СО КАМАТА ОД 1,95% – Некои банки ги прифатија владините услови за унгарските пари   

24 ное. 2024 г.·2 мин читање·3317 прегледи

Следете не на Viber

Каматна стапка од 1,95 проценти, тригодишен грејс период и отплата до 15 години се условите под кои стопанството ќе ги користи парите од унгарскиот заем. За да се добие кредит, бизнисите ќе мора да имаат минимум 20 проценти учество, а можат да сметаат на кредитирање со најмногу десет милиони евра.

Владата успеа да убеди неколку банки да отстапат од правилата според кои работат во делот на кредитирањето. Распределбата на предвидените 250 милиони евра најверојатно ќе започне се првиот ден од новата работна недела.

Банките кои опстојале на своите деловни принципи, ќе можат да се приклучат, доколку во меѓувреме се предомислат.

„Условите се минимум 20 проценти да има сопствено учество, што значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Ќе имаат можност сите оние компании кои ќе ги вложат овие средства во основни средства за работа, кои ќе вложат во обновливи извори на енергија, но и тие кои ќе вложат во објекти како свои административни објекти, односно за сопствена потреба“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, се работи за историски договор и за историски најниска каматна стапка.

ЌЕ БИДЕ ЛИ ОВАА ГОДИНА ЗАПАМЕТЕНА ПО НАЈНИСКАТА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИ проекти?

Каматата за кредитот ќе ја плати државата, односно даночните обврзници.

Годинава Владата ја задолжи земјава со кредит од 500 милиони евра, добиен од унгарската Ексим банка. Средствата ќе завршат во стопанството и кај општините. Идната година би тебало да се повлече и втората половина од најавената една милијарда евра. Задолжувањето со тој износ, како што изјави неодамна економистот и поранешен министер за финансии, Никола Поповски, за Македонија ќе значи дека во секоја од наредните 15 години ќе плаќа камати од по 32 милиони евра.

Клучни зборови

  • банки
  • бизниси
  • Каматна стапка
  • Кредитирање
  • стопанство
  • унгарски заем
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk