Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

За арно за убаво нетрговски пренесени 1.500 акции на „Попова Кула“

22 апр. 2024 г.·2 мин читање·2676 прегледи

Следете не на Viber

Нетрговските трансфери изведени минатата работна недела бројат 2.903 акции, од кои две приоритетни, од котирани друштва, покажуваат податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, што ги објавува Македонска берза. Се работи за хартии од вредност издадени од 11 компании и две банки.

За арно за убаво, како што е мотото на винаријата „Попова Кула“ од Демир Капија, како подарок, наследство или за нешто трето сопственоста е пренесена кај 1.500 акции. Со тоа винарската визба овојпат го предводи друштвото чии акции се застапени во оваа активост.

Забележано е во неделната статистика дека во два наврати се трансферирани акции емитувани од скопски „Алкалоид“. Прво 135, потоа уште 320, или вкупно 455 обични акции.

И акциите – 250 на број од „Макстил“, се запишани во текот на два работни дена: 90 и 160 обични акции.

На двапати се пренесувала сопственоста и на акциите со знакот на Стопанска банка Скопје. Се работи за 100 обични и за две приоритетни акции.

Меѓу акциите што се нетрговски трансферирани се и оние од фирмите произлеени од некогашната Железара: на РЖ „Интер-Трансшпед“ 19 и на РЖ „Услуги“ – 153 обични акции.

Понатаму, по пат на овој начин сменета е сопственоста на две акции од „Макпетрол“, 15 на „Окта“, и по 20 обични акции на „Тетекс“ АД Тетово  и на „Уготур“ од Скопје. Трансферирани се и 50 обични акции на Комерцијална банка, како и 85 на Тутунски комбинат АД Прилеп. Речиси и да нема неделна статистика без нетрговски трансфер со хартиите на вредност издадени од акционерското друштво „Гранит“. Во оваа се нотирани 232 обични акции.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • нетрговски трансфери
  • Попова кула
  • Централен депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk