Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ 36 МИЛИОНИ ЕВРА: Исплата на дивидендата од 26 септември

4 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1002 прегледи

Следете не на Viber

Акционерите на „Македонски телеком“ дивидендата за успешно завршената 2023 година ќе ја добијат на крајот од месецов. На 26 септември старува исплатата на бруто износот од 2.212.067.762 денари или речиси 36 милиони евра. Износите се пресметуваат врз утврдените  25,65 денари по акција.

Од МТ информираат дека акционерите – физички лица парите ќе ги добијат на трансакциските сметки, на кои и лани им била извршена уплата по таа основа.

Од компанијата им порачуваат на новите акционери, македонски резиденти, како и на оние кои сакаат дивидендата да им биде исплатена на сметка различна од минатата година, да достават податоци за активна трансакциска сметка и копија од лична карта најдоцна до 11 месецов на IR@telekom.mk или по пошта на адреса на Македонски Телеком АД – Скопје „Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со назнака: До Сектор за контрола, сметководство и даноци.

Истиот рок и наведените адреси се однесуваат и за правните лица – македонски резиденти, како и за странските правни и физички лица. Притоа, странските правни лица треба да достават и потврда за резидентен статус заверена од надлежниот даночен орган на државата од каде што доаѓаат, и тоа најдоцна еден ден пред исплатата на дивидендата, односно до 25 септември.

Странските физички лица, пак, имаат обврска да приложат единствен даночен број (ЕДБ) за нивна даночна регистрација во Република Северна Македонија, најдоцна до 11 септември.

До износот на дивидендата и до поделбата на парите се доаѓа откако телекомуникациската компанија лани не само што ги задржа стабилните пазарни позиции, туку забележа и раст во скоро сите сегменти, остварувајќи добивка од 33,77 милиони евра.

Во акционерската структура со 51 отсто се издвојува „Каменимост комуникации“, додека македонската Влада поседува 34,81 процент. Во нејзина сопственост е и единствената златна акција.

Клучни зборови

  • акционери
  • исплата на дивиденда
  • македонски телеком
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk