Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Wells Fargo“ продолжува со отпуштања и затворање на филијали

24 авг. 2020 г.·2 мин читање·270 прегледи

Следете не на Viber

Американската банка „Wells Fargo“ го продолжи прекинот на работните места на почетокот на август, откако привремено го напушти процесот во март поради пандемијата со ковид-19, одбјави портпаролот на банката, а го цитираше „Reuters“.

„Wells Fargo“ уште во јули најави дека ќе започне голема иницијатива за намалување на трошоците во оваа година, бидејќи банката се подготвува за големи загуби од кредирањето, откако пандемијата ја погоди способноста на нивните клиенти да ги покријат своите заеми. Во исто време, банката продолжува да се соочува со потешкотии во врска со низата скандали во 2016-та година што ја чинеа милијарди долари казни и отписи.

Намалувањето на персоналот, затворањето на филијалите и намалувањето на трошоците се трите теми на масата за преговори, велат доверителите.

На почетокот на годината, „Wells Fargo“ објави квартален пад на профитот од дури 55% на 2,55 милијарди долари (или 0,60 долари по акција) од 5,71 милијарди американски долари (или помалку од 1,12 долар по акција) една година порано. За првиот квартал, добивката на банката достигна само еден процент по акција.

Во април, банката соопшти дека ќе го ограничи учеството во програмата за спасување за да ги неутрализира ефектите од коронавирусот врз малите бизниси во САД на 10 милијарди американски долари како резултат на регулаторните ограничувања. На почетокот на 2018-та година, Федералните резерви на САД и наредија на „Wells Fargo“ да ги задржи своите средства под 1,95 трилиони долари додека не го подобри управувањето и контролата на ризикот по бројните скандали. Банката ја започна 2020-та година со околу 20 милијарди американски долари простор под поставениот максимум.

Банката соопшти дека ќе обезбеди бенефиции и ќе помогне да се најдат нови работни места за вработените погодени од отпуштањата.

Клучни зборови

  • Wells Fargo
  • Вработени
  • затворање на филијали
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk