Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Ворен Бафет купува удели во петте водечки трговски компании во Јапонија

8 сеп. 2020 г.·2 мин читање·192 прегледи

Следете не на Viber

Ворен Бафет инвестираше 7 милијарди долари во компании кои во 1998 година, тој ги нарече лоша инвестиција. „Стариот лисец“ се премислува во старите денови. Тој исто така, го отфрлаше златото целиот свој живот, но за време на сегашната криза почна да го зема предвид.

Се чини дека Ворен Бафет навистина „се загреа“ за јапонските акции, бидејќи ги отфрли пред точно 22 години како инфериорна инвестиција, а сега неговиот познат конгломерат „Беркшир Хатавеј“ зеде 5% сопственички удел во 5. најголеми компании од оваа земја, кои се занимаваат со трговија. Станува збор за водечките компании „Иточу“, „Марубени“, „Митсубиши“, „Митсуи“ и „Сумитомо“.

Славниот инвеститор во нив инвестираше околу 7 милијарди долари, што значи значителна промена во неговиот некогаш закоравен став. Исто така, Бафет, кој наполни 90 години на 30 август, никогаш порано не веруваше во злато, но започна да се предомислува за време на кризата предизвикана од корона вирусот.

Бафет исто така верува дека времето е непријател на лошиот бизнис и пријател на големиот бизнис. Сепак, неговиот деловен партнер Чарли Манџер, кој на почетокот на годината наполни 96 години, мудро ја остави отворена вратата  за јапонски инвестиции.

Економистите велат дека промената на ставот не е толку невообичаена, бидејќи Јапонија значително се промени од 1998 година. Тие велат дека некои работи остануваат исти, но дека корпоративното управување, маргините на профит и деловните структури од тогаш и сега се како „небото и земјата“.

Клучни зборови

  • warren buffett
  • Ворен Бафет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk