Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Втората граѓанска обврзница достапна во експозитурите на Шпаркасе Банка

23 окт. 2023 г.·2 мин читање·4305 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје во својство на овластен директен учесник на аукциите на граѓански обврзници организирани од Министерството за финансии на Република Македонија ги застапува физичките лица (државјани на РМ) во процесот на издавање на граѓанските обврзници.

Република Македонија на 18.10.2023 г. објави проспект за издавање граѓански обврзници во износ од 600.000.000,00 МКД, кои физички лица – државјани на РМ – можат да учествуваат на аукцијата преку Шпаркасе Банка АД Скопје. Датумот за прием на понуди од физички лица е од 18.10.2023 г. па сè до 06.11.2023 г.

Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност од две години, има купонска каматна стапка од 5.00 %, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се враќа и вложената главнина.

Во сите експозитури на Шпаркасе Банка АД Скопје граѓаните може да дадат налог за учество на аукцијата. Доколку физичко лице сака да учествува на аукцијата, потребно е да биде регистрирано како клиент на Шпаркасе Банка АД Скопје. Минималниот износ на едно барање изнесува 10.000 денари, а секое зголемување над минималниот износ се врши со додавање заокружени износи од 10.000 денари. За да учествуваат на аукција за граѓанската обврзница, граѓаните треба да потпишат барање и договор, што ќе го добијат на шалтерите на Шпаркасе Банка, и да го уплатат предвидениот паричен износ преку својата платежна сметка.

Шпаркасе банка АД Скопје наплатува провизија во висина од 0,12% од номиналниот износ на граѓанската обврзница за сите рочности, но не помалку од 300,00 МКД.

По објавувањето на резултатите од одржаната аукција, Шпаркасе Банка ќе ги извести учесниците на аукцијата за постигнатите резултати по електронски пат.

Клучни зборови

  • граѓанска обврзница
  • шпаркасе банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk