Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Втора инвестиција на Авеста Холдинг во Штип: 26 милиони евра за производство на напредни батериски системи

18 јул. 2025 г.·2 мин читање·2491 прегледи

Следете не на Viber

Нов производен капацитет на Авеста Холдинг ќе се гради во ТИРЗ Штип. Втората инвестиција на белгиската компанија ќе биде во износ од 26 милиони евра. Со тоа се отвора можност за 150 нови и високо платени вработувања, а ангажираните ќе бидат дел од производството на напредни батериски системи од најновата генерација за електрична мобилност и стационарни апликации.

​Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, по повод официјализирање на новата инвестиција, денес во Нинове – Белгија се сретна со менаџментот на компанијата. На средбата се разгледаа досегашните резултати на Авеста Холдинг, тековните активности, како и понатамошните чекори за успешна  реализација на инвестицискиот проект. Направена е и обиколка на производствениот погон.

Димовски посочи дека ова е реален пример, доказ за активната работа и унапредениот пристап на новата влада кога станува збор за создавање висока додадена вредност. Тој истакна дека овој проект е од стратешко значење за целата национална економија, а особено за регионот на Штип.

Ношин Омар, сопственик и претседател на Авеста Холдинг, изрази особена благодарност за поддршката од владата, нагласувајќи дека токму транспарентноста, отвореноста и професионалноста на ТИРЗ биле клучни фактори за одлуката – да се реализира втора инвестиција токму во Македонија.

Втората по ред инвестиција на белгиската компанија во земјава е директен резултат на стабилната бизнис клима, проактивниот пристап на институциите и новите владини политики насочени кон поддршка на инвеститорите. Со ова, Македонија дополнително ја зацврстува својата позиција како атрактивна и предвидлива дестинација на мапата за странски директни инвестиции, информираат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Клучни зборови

  • Авеста Холдинг
  • Гоце Димовски
  • нова инвестиција
  • ТИРЗ Штип
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk