Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Втор успешен потфат на TTK банка – Почетниот капитал зголемен преку скрип емисија на нови акции

16 мај 2024 г.·3 мин читање·3701 прегледи

Следете не на Viber

ТТК банка по вторпат ја зголеми основната главнина со сопствени средства. Емитуваше  скрип емисија на нови обични акции по пат на приватна понуда, процесот успешно го финализираше минатата недела, на 10 мај. Една година претходно Банката го изведе првиот ваков пионерски подвиг на македонскиот финансиски пазар.

 

За успешната реализација од Банката велат дека претставува потврда на посветеноста за постигнување одржлив раст и зајакнување на финансиската отпорност.

 

„Со задоволство го објавуваме успешното завршување на втората скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда. Тоа е доказ за нашиот здрав деловен модел, стратешка визија и оперативен капацитет. Благодарни сме за довербата што ни ја дадоа акционерите и инвеститорите, препознавајќи ги можностите за раст и спроведување на долгорочниот развоен план на ТТК банка АД Скопје. Зголемениот акционерски капитал ќе овозможи банката да продолжи со стратешките иницијативи за раст и иновации, да ја прошири својата понуда на производи и услуги и да ја зајакне својата пазарна конкурентност“, изјави претседателот на Управниот одбор, Драгољуб Арсовски.

 

Со последната емисија на акции основната главнина, односно почетниот капитал на ТТК банка е зголемен за 67.587.000 денари. Издадени се 67.587 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари, по што вкупниот капитал изнесува 1.033.173.000 денари. Со тоа дополнително се зајакна билансот на состојбата на Банката.

„Зголемувањето на основната главнина е запишано во Централниот регистар на РСМ на ден 9.5.2024 година, а на ден 10.5.2024 година е извршен упис во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје“, посочуваат од ТТК банка.

 

Воедно, наведуваат дека согласно одлуките донесени на акционерското Собрание одржано на 29 март, е утврдено дека за постојните акционер исплатата на делот за распределба на дивидендата во акции ќе биде сразмерна со учеството на нивните акции во дотогашната основна главнина. За поединечните акционери кои, според висината на номиналната вредност од една акција и ограничувањата на регулаторните тела, не можат да се стекнат со акции од новата емисија, дивидендата е исплатена во паричен износ.

 

Исто така, велат дека и оваа втора скрип емисија е потврда за ориентираноста кон иновативни решенија за акционерите, кои обезбедуваат нови можности и придобивки од нивните инвестиции во Банката на долг рок, како и создавање дополнителна вредност за нив. Инаку, акцијата на ТТК банка е меѓу најтргуваните и високо вреднувани акции од страна на инвеститорската јавност.

 

„ТТК банка АД Скопје ќе продолжи континуирано да создава одржлива вредност и да обезбедува оптимални финансиски решенија за своите клиенти и заедницата“, порачуваат од Банката.

Клучни зборови

  • обични акции
  • основна главнина
  • скрип емисија
  • ттк банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk