Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаБизнис

ВРИЕ ВО РАДЕ КОНЧАР-АПАРАТНА ТЕХНИКА:Директорите за да ги зацврстат “фотељите” ќе откупуваат сопствени акции-тврдат акционери

28 мај 2021 г.·3 мин читање·1574 прегледи

Следете не на Viber

Акционери кои поседуваат над 10 проценти од вкупниот број со право на глас во сопственичката структура на фабриката Раде Кончар-Апаратна техника предлагаат нова одлука за исплата на повисока дивиденда. Во предлогот доставен до Oдборот на директори на фабриката се вели дека:

-Согласно член 390 став 5 од ЗТД, акционери кои заедно поседуваат 14,93 % од обичните акции со право на глас, што претставува повеќе од 5% од вкупниот број на запишани акции со право на глас, предлагаат нова Одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, по однос на точка 5 од работниот дел на дневниот ред на Собранието на Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје закажано на ден 16.06.2021 година, се вели во известувањето доставено до Македонска берза.

Во образложението овие акционери наведуваат дека согласно ревидираните финансиски извештаи за 2020 година компанијата има задоволителна финансиска соостојба.

-Компанијата е солветна, констатирано врз основа на параметрите дека компанијата располага со вишок износ на пари и парични еквиваленти во износ од 26.739.000 денари како и висок износ на финансиски средства расположливи за продажба во износ од 122.805.000 денари. Истовремено, согласно ревидираните финансиски извештаи за 2020 година може да се утврди дека компанијата нема никаква кредитна задолженост односно нема никакви краткорочни или долгорочни обврски за кредити, објаснуваат акционерите.

Понатаму, тие потенцираат дека дополнително компанијата има побарувања за повеќе платени даноци во износ од 5.918.000 денари додека останатите тековни обврски изнесуваат 5.823.000 денари што дополнително ја прави поволна и солвентна финансиската состојба на компанијата односно повеќе побарува од нејзините доверители отколку што должи кон своите добавувачи.

Акционерите што бараат усвојување на новиот предлог за исплата на повисока дивиденда обвинуваат дека сето ова се случува само со една цел.

-Истовремено и согласно ревидираните финансиски извештаи за 2020 година очигледно е дека компанијата вишокот од слободни парични средства и финансиски средства не го користи за нови инвестиции и вложувања во својата основна дејсност и своите придружени ентитети каде видно од финансиските извештаи има нето намалување на овие вложувања во 2020 година во однос на вложувањата во придружени ентитети кои биле во 2019 година. Напротив дава предлог одлука за откуп на сопствени акции со што вишокот на слободни средства ќе се излеат од компанијата и акционерите ќе останат покуси за делот кој им припаѓа. Ова се со цел, веќе инертниот Одбор на директори да си ја зацврсти својата и така многу трома позиција, тврдат овие акционери.

Понатаму во објавата овие акционери потенцираат дека од ревидираните финансиски извештаи за 2020 финансиските средства расположливи за продажба во износ од 122.805.000 денари кои се состојат од акции во котирани компании се намалени во 2020 година во однос на 2019 година кога биле во износ од 126.796.000 денари што дополнително е причина дел од овие финансиски средства да се продадат и да се поделат на акционерите во форма на дивиденда.

-Дополнително сметаме дека со исплатата на повисоката дивиденда ќе се допринесе да се зголеми вредноста и ликвидноста на акциите на Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје на Македонската берза што е секако во интерес на сите акционери.Затоа и поради сите горенаведени причини ги повикуваме останатите акционери на Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје да го подржат нашиот предлог за исплата на повисока бруто дивиденда во износ од 380 денари по акција, повикуваат овие акционери.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • акционери
  • дивиденда
  • Откуп на акции
  • Раде Кончар-Апаратна техника
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk