Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Времената мерка е за заштита на компаниите од кусите законски рокови за солидарниот данок

16 окт. 2023 г.·3 мин читање·596 прегледи

Следете не на Viber

Рокот во кој компаниите треба да го платат солидарниот данок истекува на 25 месецов. Ако Уставниот суд не донесе одлука до утврдениот законски термин, нормално е дека треба да се почитуваат законите и легитимните постапки кои се во сила, нагласи Анета Трајковска од Стопанската комора.

Плаќањето данок е начин на кој се манифестира лојалноста кон државата и токму во тој контекст Стопанската комора побара од Уставниот суд да го воведе инструментот времена мерка за солидарниот данок, се додека не донесе конечна одлука дали со неговото воведување се крши Уставот, истакна Трајковска и потсети дека иницијативата е поднесена на 12 октомври. А, времената мерка е побарана токму поради кратките законски рокови, за да се спречи евентуалното настанување на одредени последици кои потоа потешко ќе може да се санираат.

„Во функција на заштита на нашите компании – членки е поднесено барањето за времената мерка, останува Судот да си ја донесе својата одлука“, рече Трајковска, додавајќи дека Комората секогаш протежира законита и легитимна постапка.

Воедно, посочи дека Законот за солидарен данок како никогаш досега го обедини бизнис секторот, врз кој сега негативно влијае и менувањето на ставката на ДДВ за некои основни прехранбени производи од пет на 10 проценти.

„Стопанската комора и сите бизнис асоцијации во однос на Законот за солидарен данок се обединија токму поради правото за одредена гарантирана правна заштита. Во случајот, на бизнисот му е потребно загарантирана правна заштита во однос на своето делување. Значи, оваа добивка компаниите ја оствариле во 2022 година. Таа добивка ја планирале во претходниот период кога важела одредена законска регулатива и штом веќе се нарушува тој процес на планирање, нормално е дека фирмите ќе се обединат во функција на обезбедување гаранција за своето право“, наведе Трајковска.

Исто така, укажа дека бизнисот го чувствува прелевањето на ликвидноста од приватниот во државниот сектор.

„Во последно време се чувствува тоа прелевање на ликвидноста. Во тој контекст мора да има компромисни решенија за да се направат вистинските работи. Сегашните ад-хок решенија не се решенија кои треба да му обезбедат понатамошен раст и развој на бизнисот. Ако развојот на едена економија е поттикнат преку зголемување на производството и зголемувањето на обемот на услугите, мора да делуваме во насока да овозможиме бизнисот што повеќе да произведува и да понуди што повеќе услуги за на тој начин да се платат повеќе даноци и на тој начин да се полни Буџетот и со тоа да се обезбедува ликвидноста и на буџетската страна, но и на бизнисот во делот на своето работење“, децидна е Трајковска.

Клучни зборови

  • бизнис заедница
  • СКСМ
  • солидарен данок
  • Стопанска комора на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk