Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ВРЕДНОСТА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ИНТЕРКОНЕКЦИЈА – ќе ја намали цената на струјата и нестабилноста на пазарот

17 окт. 2024 г.·3 мин читање·1540 прегледи

Следете не на Viber

Подобрувањето на прекуграничните интерконекции со електрична енергија, како и подобрување на безбедноста на снабдувањето со енергија и поттикнување на обновливите извори на енергија на пазарите може да придонесе за намалување на цената на струјата и останатите енергенси.

Енергетската интерконекција е клучна и за друга главна цел на ЕУ, а тоа е зелената транзиција. Всушност, солидарноста во изворите за производство на обновливи извори на енергија прво ќе им даде на инвеститорите поголема доверба во изградбата на повеќе импланти знаејќи дека енергијата може да се продава на националните и странските пазари, второ, сончевата и ветерната енергија може да отклучат поголем потенцијал и ефикасност со искористување на оптимални локации. Згора на тоа, цената на енергијата ќе биде засегната, што всушност ќе овозможи енергијата брзо да тече низ Европа, во согласност со понудата и побарувачката, а како одговор на сигналите за цените ќе ја намали цената, но и ќе ја намали нестабилноста на цените на пазарот преку зајакнување на конкурентноста како потрошувачи.

Интерконекциите и прекуграничната соработка се клучни за намалување на цените на енергијата, олеснување на транзицијата, функционирање на пазарот, спречувањето на застојот во енергетската мрежа и за забрзување на декарбонизацијата, се наведува во заедничката изјава на Австрија, Германија, Грција, Данска, Ирска, Италија, Кипар, Луксембург, Малта, Португалија, Холандија и Шпанија.

Во услови кога „цените на електричната енергија флуктуираат повеќе од порано“, овие земји бараат итни мерки за да се обезбеди поголема интеграција на прекуграничните системи за електрична енергија на ЕУ, вклучувајќи ја и реализацијата на целите за електроенергетска интерконекција до 2030 година“.

Според потписниците на изјавата, следните неколку години ќе бидат клучни за намалување на цените на енергијата за индустријата и граѓаните на ЕУ.

Овие дванаесет земји повикуваат на „обединета акција на ЕУ“, како при енергетската криза од пред 2 години предизвикана од руската инвазија врз Украина, која сега би вклучува и „инклузивни решенија“ за зајакнување на меѓусебните врски.

Според земјите што имаат најскапа струја – Бугарија, Романија и Грција причина за поскапата енергија во Југоисточна Европа се недоволниот број интерконекции кон централна Европа и зголемениот извоз на струја за Украина и Молдавија.

Во рамки на енергетската иницијатива „РепауерЕУ“, лансирана во мај 2022 година, се предвидува зголемување на интерконекциите на електрична енергија и гас на Португалија и Шпанија со другите земји членки на Унијата. Дополнително во октомври истата година, двете земји постигнаа договор со Франција за изградба на подводен гасовод, преку кој на почетокот би се транспортирал гас, а во иднина и зелен водород.

Клучни зборови

  • енергетска интерконекција
  • ЕУ
  • цена на струјата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk