Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Вработените и синдикалната организација на Комерцијална банка изненадија стотици семејства од социјално ранливите категории со 440 новогодишни пакетчиња

25 дек. 2020 г.·2 мин читање·3025 прегледи

Следете не на Viber

На прагот на Новата година, кога си посакуваме најубави желби и кога децата со нетрпение ги очекуваат своите подароци, вработените и синдикалната организација на Комерцијална банка повторно се погрижија да им ја разубават празничната атмосфера на стотици семејства, пред сѐ од социјално ранливи категории, изненадувајќи ги со 440 новогодишни пакетчиња за нивните дечиња.

Овој декември на подароците им се израдуваа децата од Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари во Скопје, Здружението на самохрани родители Надеж од Неготино, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци од Скопје и од семејствата кои ги добија пакетчињата преку Црвениот крст на Град Скопје.

Срцата особено ни ги стоплија изненадувањето и нескриената радост од добиените пакетчиња на „уличните продавачи“ од проектот Лице в Лице и на дечињата хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле (Ковид центар).

Синдикалната организација на Банката донираше 60 новогодишни пакетчиња за деца од згрижувачки семејства и деца без родители. Донацијата беше предадена во координација со Министерството за труд и социјална политика и со СОС Детско село – Сингелиќ.

Комерцијална банка заедно со својот тим и во Новата година ќе споделува уште повеќе пријатни изненадувања и радости.

Клучни зборови

  • Вработени
  • донација
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • новогодишни пакетчиња
  • синдикална организација на комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk