Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Возобновен „Партизан“: По десетици години салата отворена за спорт и рекреација

29 дек. 2023 г.·2 мин читање·3153 прегледи

Следете не на Viber

Спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во скопски Карпош, со популарно име „Партизан“, повторно заживува. Пуштена е во употреба по речиси две децении во кои овој, за карпошани  објект со огромно спортско-рекреативно и сентиментално значење, беше целосно уништен поради негрижата на приватниот концесионер.

Со 1,1 милион евра салата ја реконструираше Агенцијата за млади и спорт, а ќе и биде предадена на Општина Карпош.

„Спортската сала ‘Партизан’ беше донација на Франција по земјотресот и повеќе од 20 години претставуваше руина во овој дел од нашиот главен град.

Но, со заеднички напори успеавме да ја реновираме во целост, и нејзината надворешност, но и внатрешноста, за што беа издвоени над 1,1 милиони евра буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт.

Новите реновирани простории на салата создаваат можности повторно тука да се спортува, да се тренира гимнастика, кошарка, одбојка, карате, стрелаштво, но да биде и место за рекреација“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Содржините ќе се збогатат со довршувањето на затворениот пливачки базен, додаде Ковачевски, кој почна да се гради во септември годинава. Базенот ќе биде поврзан со топла врска со спортската сала, за што Владата издвои 760 илјади евра преку Агенцијата за млади и спорт.

Кој  ќе стопанисува со салата, засега не се знае.

„Ќе одлучиме заедно со советниците откако ќе ни биде предадена. Овој објект е симбол на заедништвото, но морам да кажам дека во изминативе 20 години тој беше симбол и на наши погрешни одлуки, со кои спортските објекти беа во раце на погрешни луѓе кои го запреа животот, младоста, духот, спортувањето во овој објект. За среќа, дојдоа луѓе кои препознаа вистинска потреба на граѓаните и создадоа вистинска намена на овој објект“, рече градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.

Салата датира од 1969, изградена е како донација на француската влада за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година. Во 2005 година Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали ја даде под 30-годишна концесија на фирмата „Сенгруп“, кога и почна нејзиното пропаѓање и уништување.

За спортување и рекреација, салата ќе биде во употреба по празниците.

Клучни зборови

  • Агенција за млади и спорт
  • Карпош
  • спортска сала Партизан
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk