Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ОсигурувањеФондови

Војновиќ: Мерките на АСО се одличен одговор на кризата

25 апр. 2020 г.·3 мин читање·205 прегледи

Следете не на Viber

Целта на измената е да се амортизира ударот врз финансискиот резултат на друштвата за осигурување како резултат на намалената наплата на побарувањата по основ на премија за осигурување.

Групацијата на осигурување ги поздравува мерките што ги донесе Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување.

Според Групацијата, пакетот мерки, донесени на 15 парил 2020 година, се навремен и соодветен одговор од страна на регулаторот со цел ублажување на зголемените ризици во работењето на осигурителните компании, кои произлегуваат од условите предизвикани од пандемијата КОВИД-19.

Овие мерки овозможуваат поголема флексибилност, олеснување и континуитет во работењето на осигурителната индустрија во овие вонредни услови на пандемија, кои влијаат на сите аспекти на економскиот и социјалниот живот. Дополнително, донесените мерки придонесуваат и ги штитат правата и интересите на осигурениците, кои се нашиот примарен фокус -вели претседателот на Групацијата на осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Иницијативата за воведување на привремените мерки произлезе од навременото скенирање на променетите услови на работа од страна на регулаторот, како и заложбите на Групацијата на осигурување.

Регулаторните измени се насочени кон олеснување во делот на Правилникот за видови и карактеристики на средствата кои ги покриваат техничките резерви и средствата кои ја покриваат математичката резерва, како и детално пласирање и ограничување на тие вложувања и нивно вреднување, каде се дозволува до 31.12.2020 година 10 отсто од средствата за покривање на техничките резерви да бидат недоспеаните побарувања и доспеаните побарувања до 30 дена. Со ослободувањето на 10 проценти од резервите, се обезбедува зголемена ликвидност на компаниите.

Измените се насочени и кон Правилникот за методот за вреднување на ставките од билансот на состојба и изготвување на деловните биланси, каде се дозволува до 31.12.2020 година исправката на побарување да се помести за дополнителни 60 дена.

Целта на измената е да се амортизира ударот врз финансискиот резултат на друштвата за осигурување како резултат на намалената наплата на побарувањата по основ на премија за осигурување. Со дополнителните 60 дена се обезбедува амортизирање на ударот врз билансите на осигурителните компании, со цел по истекот на вонредната состојба компаниите да продолжат нормално да функционираат, наведува Војновиќ.

Со измените ќе биде опфатен и Правилникот за минимална содржина на евиденцијата и начинот на пријавување, резервирање и ликвидација на штети од страна на друштвата за осигурување, каде се дозволува додека трае вонредната состојба, евидентирањето на пријавените штети да се помести на 5 дена. Со оваа мерка им се овозможува на осигурителните компании со оглед на вонредната состојба и прилагодените работни процеси да имаат дополнителен период за обработка на штетите од што, секако, ќе имаат интерес осигурениците.

Одлуката за начинот на проценка на резервите за штети на друштвата за осигурување и/или реосигурување за време на траење на вонредната состојба, каде се дефинира дека во проценките на техничките резерви за вториот и третиот квартал на 2020 година и покрај забавена ликвидација/пријава на штети во настанатата вонредна состојба, да не влијае врз проценките на техничките резерви. Целта на оваа измена е обезбедување стабилност на секторот на осигурување, но и заштита на осигурениците, преку реално утврдување на резервите на друштвата, стои во соопштението на Групацијата која, како што потенцира, внимателно го следи развојот на ситуацијата и е во постојана соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување.

Клучни зборови

  • Групацијата на осигурување
  • Ѓорѓе Војновиќ
  • Превентивни мерки
  • Претседател на Групацијата на осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk