Почетокот на воениот конфликт во Украина предизвика сериозно нарушување на значаен дел од економските односи помеѓу Русија и остатокот од светот. Ова, барем на краток рок, ќе предизвика значајно влијание врз светката економија. Особено погоден е Европскиот регион, со оглед на високата трговска размена помеѓу Европската Унија и Русија. Ова секако ќе влијае на деловното работење на компаниите, а во некои индустрии може да доведе и до намалување на финансиските резултати (поради намалените приходи и зголемените трошоци) во период додека трае конфликтот или додека економиите не се прилагодат на новото опкружување.
Зголемена волатилност на пазарите на капитал и останатите финансискит…