Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

ВОДА, ТОБОГАНИ И СМЕА – летото е поубаво во аквапаркот „Изгрев“

6 авг. 2025 г.·3 мин читање·8922 прегледи

Следете не на Viber

Кога сонцето ќе се качи високо над Македонија, а асфалтот почне да трепери од жештината – Македонците често ја бараат разладата покрај езерo или море, но сепак тоа разладување не трае повеќе од две недели, што со сите останати жешки летни денови? Ние сме тука да ви покажеме дека постои место каде што можете да се разладите, да се забавувате и да создадете спомени – место коешто ви нуди уживање секој ден или барем секој викенд.

Добредојдовте во аквапаркот „Изгрев“ – една од најголемите водени авантури во Македонија, сместена во боровата шума на брегот на Охридското Езеро, само пет километри од Струга. Овој воден комплекс е дел од хотелскиот ресорт „Изгрев Спа и Аквапарк“ и е едно од најпосетените и најсреќно извиканите места секое лето.

Овде, на површина од цели 17.000 квадратни метри, се простира еден од најголемите аквапаркови во регионот. Со шест базени – меѓу кои и еден специјално за најмалите – и мноштво разновидни водени лизгалки, овој простор нуди не само разладување, туку вистинска водена авантура за сите возрасти. Спирални, тркачки, семејни, со слободен пад или вистински „камиказа“ – секој тобоган е приказна сама за себе, а сите заедно креираат незаборавен ден полн смеа, прскање и возбуда.

Посетителите пристигнуваат од сите делови на Македонија, некои на еднодневна авантура, други како гости на хотелот – кои, патем, имаат бесплатен влез во аквапаркот. Работното време е од 10 наутро до 6 попладне, а сезоната трае од средината на јуни до средината на септември – совршено усогласено со летниот одмор и училишниот распуст.

Влезот од понеделник до недела чини 1.000 денари за возрасни и 700 денари за деца до 11 години, додека за викендите цената за деца е 1.000 денари. Децата до 6 годни не плаќаат влезница.

Ова местото е достапно и атрактивно за семејства, парови, па и поголеми друштва.

Но, аквапаркот не е само забава – тој е и безбедност, удобност и уживање. Родителите велат дека се чувствуваат мирни додека децата се лизгаат и капат – благодарение на присуството на спасители, плитките делови на базените и добрата организација. Чистотата е на високо ниво, а целиот комплекс е уреден, одржуван и збогатен со ресторани и барови. Барот до главниот базен е омилено место за пауза со ладен пијалак во рака, додека погледот се губи во синото езеро. Храната е солидна, изборот е пристоен, а сенките под боровите дрвја се вистинско освежување во пеколните часови.

ИНТЕРВЈУ I ИСАК МИСИНИ: Под сенката на иновацијата – паметниот чадор SunChaser ја редефинира летната удобност

Искуствата велат дека аквапаркот „Изгрев“ е едно од најдобрите места за летна забава во Македонија, без разлика дали сте во потрага по адреналин, фамилијарна разонода или едноставно – начин да се разладите.

Аквапаркот во Струга нуди квалитетна алтернатива и полна со доживувања. Не ви треба ни пасош, ни долг пат – само костим за капење, крема за сончање и добро расположение. Во летото на вода, нека вашата следна дестинација биде токму тука – во водениот свет на аквапаркот „Изгрев“.

Катерина Михајлова

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Аквапарк Изгрев
  • Катерина Михајлова
  • лето на вода
  • Струга
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk