Ревизорските куќи имаат многу значајна улога во економијата и деловното работење бидејќи обезбедуваат независна проверка и сигурност за финансиските информации на компаниите. Во Македонија има компании на реномирани светски ревизорски куќи, а нивниот имиџ го гради човечкиот фактор. Нивниот потпис може да се види на многу извештаи од акционерски друштва и јавни претпријатија. Ним не им се потребни ни фабрички хали, ни машини. Доволен е компјутер и ќе заработат солидни износи.
Пари во соработка со Бизнис мрежа ги анализираше податоците за ревизорските куќи. Тие покажуваат дека најзвучните имиња во светот на ревизијата кај нас имаат добивки од по неколку стотици илјади евра.
Заедничкиот приход на сите ревизорски куќи е 16,5 милиони евра, а заедничката добивка изнесува 2,4 милиони евра. Н…