Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаЛичен Развој

Во сопственост на Живко Мукаетов нови 400 акции од „Алкалоид“

21 мај 2024 г.·1 мин читање·2258 прегледи

Следете не на Viber

Првот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, го зајакна сопственичкиот удел во најдобрата македонска фармацевтска компанија. Во сопственост има нови 400 акции.

Во извештајот за промена на сопственоста на член на Управниот одбор и лица со посебни одговорности и овластувања, објавен на Македонска берза, пишува:

„Известуваме дека Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 400 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“.

Една реченица и силна порака до инвеститорската јавност, бидејќи потегот укажува на стабилноста и успешноста на компанијата.

Претходно, во март, сите членови на Управниот одбор купија акции од „Алкалоид“, вкупно 800. Тогаш Мукаетов купи 300 акции.

Акцијата на „Алкалоид“ е меѓу најтргуваните на Берзата, со вредност во постојан подем. Последната просечна цена (вчерашен податок) е 20.697,99 денари, додека минатогодишниот просек беше 17.781,93 денари.

Како потестување, минатата година компанијата ја заврши со добивка од 24,7 милиони евра, а оваа ја почна со 6,3 милиони евра по одработеното прво тримесечје.

Клучни зборови

  • акции
  • Алкалоид
  • Живко Мукаетов
  • Македонска берза
  • промена на сопственост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk