Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Во регионот Македонија има повисок економски раст само од Бугарија

5 окт. 2023 г.·3 мин читање·1187 прегледи

Следете не на Viber

Економскиот раст на Македонија ќе се движи од 1,8 проценти годинава, 2,5 во 2024 до 2,9 насто во 2025 година. Инфлацијата ќе се намалува од 9,1 процент оваа година, на три проценти идната, а во 2025 година треба да се сведе на два проценти. Јавниот долг од 59,1 ќе се зголеми на 60,2 проценти од БДП до крајот на годинава, а до 2025 ќе забележи 62,2 проценти, покажуваат прогнозите на Светска банка содржани во новиот есенски извештај за економските перспективи во регионот на Европа и Централна Азија.

Според економскиот раст за оваа година, Македонија заостанува зад сите земји од регионот. Единствено е пред Бугарија, за која се прогнозирани 1,4 проценти раст.

Иако среднорочните економски изгледи се позитивни, ризиците се уште се присутни, посочуваат од Светска банка за нашата држава, образложувајќи дека годинешниот раст би требало скромно да се зголеми до 1,8 проценти, како одраз на забавувањето на надворешната побарувачка и постојаната криза на трошоците на живот. Умерено забрзување се очекува на среден рок како резултат од растот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз.

Како основни ризици се наведуваат економската состојба во земјите – најголеми трговски партнери, процесот на пристапување кон ЕУ и домашните состојби – „зголемената политичка неизвесност и продолжениот парламентарен ќор-сокак поради немањето консензус за уставни измени, како и претстојните избори“, кои можат да ја одложат имплеметацијата на реформите. „Политичките проблеми носат ризик и за фискалната одржливост и инфлацијата, што ќе бара дополнително монетарно затегнување, кое може дополнително да ги ограничи опциите за финансирање и да ја забави економската активност“, наведено е во извештајот.

За регионот на Западен Балкан се прогнозира дека годинава ќе има раст од 2,5 проценти, за разлика од ланските 3,2 проценти. Забрзување ќе има во 2024, до 3,3 проценти, што е прогноза и за 2025 година.

Годинава највисок економски раст ќе има Црна Гора – 4,8 проценти, Албанија – 3,6, Косово – 3,2, Хрватска – 2,7, Босна и Херцеговина – 2,2, Србија – 2 и Бугарија 1,4 насто.

Светска банка предвидува дека растот во Европа и Централна Азија ќе остане послаб од долгорочниот просек пред пандемијата. Проценката за е зголемена во октомври на 2,4, од јунските 1,4 проценти.

Глобалниот економски раст во петгодишниот период од 2020 до 2024 е најнизок во последните три децении, оценува Светска банка. Воедно продолжуваат негативните влијанија предизвикани од инвазијата на Руската Федерација во Украина, порестриктивните глобални услови за финансирање, постојаната инфлација и глобалната економска фрагментација. А, влијание има и послабото закрепнување на Кина и наглото забавување во еврозоната.

Клучни зборови

  • економски раст
  • есенски извештај
  • инфлација
  • прогноза
  • Светска банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk