Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во разговори на мобилен се минати 1,3 милијарди минути или речиси 2.470 години!

8 јан. 2026 г.·2 мин читање·2316 прегледи

Следете не на Viber

Корисниците на мобилната телефонија во Македонија – 2.205.467 на број, оствариле разговори од 1,3 милијарди минути. Конкретно, 1.299.617.051 минути. Пресметано во поголемите мерни временски единици тоа би значело дека во разговор на мобилен телефон се минати приближно 21.660.284 часови, околу 902.511 денови, 29.645 месеци. Или, тоа се разговори кои зафаќаат речиси 2.470 години!

Податоците на Агенцијата за електронски комуникации се однесуваат на периодот заклучно со третиот минатогодишен квартал. Притоа, во вкупната претплатничка база има 833.089 резиденцијални припеид претплатници, 1.024.072 резиденцијалн постпеид и 248.306 деловни постпеид претплатници.

Според операторите, распределбата на претплатниците е сконцентрирана кај А1 Македонија со  47,41 отсто и Македонски Телеком со 46,68 отсто. Уделот на М ТЕЛ е 4,55 проценти, на Телекабел 1,27 и Греен мобиле 0,10 проценти.

Што се однесува до приходите од малопродажбата на мобилните услуги, Македонски Телеком остварил 49,49 насто, А1 Македонија 48,58 насто, М ТЕЛ 0,93 насто, Телекабел 0,79 насто и Греен мобиле 0,11 насто.

Искористувањето на интернет преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) исто така е значајно – во третиот квартал пристап до интернет имале 1.781.697 претплатници.

Во фиксната телефонија, пак, заклучно со третиот квартал од 2025 година има 459.643 линии. Преку нив се остварени 13.538.044 минути разговор. А, уделот на операторите е: Македонски Телеком 51,68 проценти, А1 Македонија 43,34, Телекабел 3,17, Неотел 1,26 и Актон 0,55 проценти.

Клучни зборови

  • агенција за електронски комуникации
  • АЕК
  • извештај
  • мобилна телефонија
  • фиксна телефонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk