Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Во првото тримесечје БДП се зголемил за 1,2 проценти

3 јун. 2024 г.·2 мин читање·485 прегледи

Следете не на Viber

Во првото годинешно тримесечја бруто-домашниот производ се придвижил за 1,2 проценти.

Поголем пораст од 19,6 насто, според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, има кај секторите уметност, забава и рекреација; други услужни дејности; дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби. Понатаму, 7,5 проценти е зголемувањето во стручните, научни и технички дејности; како и во административните и помошни услужни дејности. Додека во трговија на големо и трговија на мало; во поправка на моторни возила и мотоцикли; во транспорт и складирање; и во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, забележаниот раст е за 6,9 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата во првиот квартал номинално расте за 4,8 насто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72 отсто.

Во истиот период, според Статистика, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0,5 насто.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од годинава имаат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

Клучни зборови

  • бруто домашен производ
  • Државен завод за статистика
  • прв квартал 2024
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk