Понесени од чистиот воздух и првата утринска светлина, посетителите доаѓаат да почувствуваат традиција, квалитетно вино, добра храна и природна убавина ‒ oва е Општина Петровец. Тоа е краткиот опис со кој се отвора општинската официјална веб-страница.
Петровец, освен посочените особености, има и изразена деловна карактеристика. Оваа oпштина е дом на компании од различни сектори – трговија со нафтени деривати, прехранбена индустрија, транспорт, увоз-извоз… Концентрацијата на бизнисите е во Ќојлија, каде што е лoцирана мултифункционалната индустриска зона. Таму се наоѓаат 11 од најдобрите компании опфатени во анализата на Пари, подготвена во соработка со Бизнис Мрежа.
Да видиме што кажуваат бројките и кои се најдобрите бизниси од аспект на постигнатите резултати од минатогодишното работење по приход, добивка и вработеност.
БРОЈКА ЗА НЕВЕРУВАЊЕ – РАСТ ОД 23.558,51 НАСТО!!!
Листата на десетте најприходни компании почнува со Омпетрол Оил и со износот од 29,6 милиони евра кои…