Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Во пет акции инвестирани 4,6 милиони евра – 78 % од прометот на Берзата во април

7 мај 2026 г.·3 мин читање·2507 прегледи

Следете не на Viber

Неповолен април за берзанските активности. Мал пад од 0,13 отсто е регистриран кај пазарната капитализација и бројот на трансакциите, додека повисока негативна стапка од 24,78 е запишана кај прометот, кој е во износ од 361,19 милиони декари, односно 5,9 милиони евра. Од нив, 4,6 милиони евра или високи 78 проценти, се реализирале преку тргувањата со петте најатрактивни акции.

Фокусот на инвеститорите предизвикал извесна промена и меѓу нив. Стопанска банка влегува во првата петорка, а акцијата на Макпетрол од четвртата позиција во март оди на шестата во април.

Најголемиот дел од прометот (42,76 %) – 2,39 милиони евра, го носи акцијата на Комерцијална банка. Преку 594 трансакции истргувани се 5.314 акции, чијашто цена се движела од 26.498 до 28.500 денари, достигнувајќи го просекот од 27.765,57 денари.

Со 3.175 акции на Алкалоид реализирани се 312 трансакции. Притоа, минималната цена е 24.499 денари, максималната 25.999, а просечната 25.471,44 денари. Прометот во износ од 1,31 милион евра во вкупниот партиципира со 23,44 проценти.

Априлскиот просек на акцијата на НЛБ банка е 57.085,87 денари (максимална 59.698 денари, минимална 55.500 денари. Истргувани се 449 акции низ 101 трансакција. Месечниот промет е 415.456 евра, со удел од 7,43 проценти.

Со 7.057 акции на Стопанска банка Скопје се извршени 110 купопродажби, низ кои се забележани ценовни движења од 2.255 до 2.500 денари, со просек од 2.425,58 денари. Сумата од 277.450 евра во вкупниот промет учествува со 4,96 проценти.

Македонски телеком и во април остана меѓу петте најтргувани. Остварен е промет од 260.996 евра преку 116 трансакции со 32.199 акции. Најниската вредност за акција е 485 денари, највисоката 525, а просечната 500,08 денари. Има удел од 4,67 проценти.

Од другите берзански податоци – забележани се 1.547 трансакции (↓0,13 %); прометот од класичното тргување со акции е 337.649.114 денари (-0,72 %); со обврзници 3.123.386 денари (-47,99 %); реализирани се 3 блок трансакции со промет од 8.087.090 денари (-93,97 %).

Во април пазарната капитализација на Македонска берза е 352.783.312.597 денари (5,73 милијарди евра). А, МБИ10 се зголемил за 0,32 насто и месецот го завршил со 9.940,70 поени.

 

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • месечен билтен за април
  • месечен промет
  • најтргувани акции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk