На потпишувањето ќе се обратат премиерот Зоран Заев, генералниот директор на „АД ЕСМ” Васко Ковачевски, сопственикот на „Фортис енержи електрик” од Турција, Атилла Учкардеш, како и управителот на фирмата „ОСМ Солар-Скопје”, Константин Василев Ненов.
Фотонапонската електрана од 100 мегавати е конципирана од две постројки од по 50 мегавати во кои „АД ЕСМ” ќе биде јавниот партнер со компанијата „Фортис енержи електрик” од Турција и со „Солар про” од Бугарија.

