Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во општите болници во Струга и Кавадарци се отворија две нови Роса школи за доење – донација од Пивара Скопје, во соработка со Министерството за здравство

27 дек. 2024 г.·4 мин читање·1306 прегледи

Следете не на Viber

Две нови „Роса школи за доење“ се отворија денес во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Coca-Cola“, преку брендот „Роса“, а во соработка со Министерството за здравство. Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни улоги. Во новите модерно опремени школи за доење во Струга и Кавадарци сите нови и идни мајки ќе добијат бесплатна стручна помош, совети и соодветна едукација за процесот на доење и за родителството воопшто.

Ова е дел од долгорочната иницијатива на „Роса“ за поддршка на новите родители, која од 2018 година се спроведува заедно со Министерството за здравство и во рамки на која досега се отворени 9 школи за родителство и 8 школи за доење во повеќе градови низ земјава.

„Пивара Скопје“ заедно со Министерството за здравство и во 2025 продолжува со оваа иницијатива, со цел унапредување, промоција и поддршка на доењето.

„Исклучително сме горди што овој проект бележи успех уште од самиот почеток, со отворањето на првата школа во 2018, па сѐ до денес. Секое отворање нова „Роса“ школа за доење ни носи особена радост и како компанија, бидејќи токму тоа ја отсликува нашата посветена грижа и поддршка за правилна нега на најмалите и обезбедувањето неопходна едукација за новите родители, но и мене лично како родител кој ја разбира важноста на поддршката во таков чувствителен период“, вели Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје. Според него, оваа иницијатива има за цел „да создаде здрави основи за идните генерации и е пример како со заедничка посветеност може да се поттикне културата на поддршка и солидарност во нашето општество“.

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари смета дека ваквите иницијативи се многу значајни, при што ја истакна одличната соработка со Пивара Скопје.

„На одделот за гинекологија и акушерство во Општа болница Струга и Општа болница Кавадарци, во соработка со Пивара Скопје, се опремени посебни простории каде штотуку породените мајки и идни родители ќе имаат можност, со поддршка од медицински лица, да се информираат за важноста и придобивките од доењето. По тој повод сакам да ја истакнам одличната соработка со Пивара Скопје, како општествено одговорна компанија, со чија поддршка, во рамки на втората фаза на овој проект, годинава промовираме уште две нови школи за доење во болниците во Струга и во Кавадарци. Во нив младите родители имаат можност за консултација со стручен тим – педијатар, гинеколог-акушер и патронажна сестра – за предностите на ексклузивно доење, како и за други актуелни прашања поврзани со постпородилниот период“, истакна министерот за здравство, д-р Арбен Тарвари.

За реализација на овој проект и опремување и реновирање на просторот, „Пивара Скопје“ одвојува по 1 денар од секое продадено шише „Роса“ од 1,5 и 0,5 литри.

Роса школите за доење и за родителство се клучен дел од заложбите на „Пивара Скопје“ за поддршка на заедницата. Овие школи претставуваат дел од пошироката стратегија на „Пивара Скопје“ за активно учество во унапредување на општественото здравје и благосостојба. Со посебен акцент на важноста на доењето и родителството, проектот има за цел да создаде долгорочен позитивен ефект врз заедницата.

Клучни зборови

  • пивара скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk