Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ЌЕ СЕ ГРАДАТ СТАНОВИ, НАЈМНОГУ ВО ЦЕНТАР – Во октомври издадени 363 градежни дозволи

11 дек. 2024 г.·2 мин читање·7261 прегледи

Следете не на Viber

Се зголемува интензитетот на градежните активности – во октомври се издадени 363 дозволи за градба, што е за 11,7 проценти повеќе во однос на состојбата од пред една година. Зголемена е и вредноста на објектите што ќе се градат и изнесува 137,7 милиони евра. Најголем дел од инвеститорите се физички лица, предвидени се 913 станови, од кои над 35 проценти ќе имаат адреса во скопски Центар, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите за една година е повисока за 12,3 насто. Се работи за сума од 8.469.616.000 денари, која ќе биде инвестирана од страна на 223 физички лица и на 140 деловни субјекти. Процентуалниот сооднос е 61,4% спрема 38,6 %.

Најголемиот дел од издадените одобренија – 216, се однесуваат за високоградбата. Нивниот удел е со високи 59,5 отсто. Потоа, 75 или 20,7 проценти се наменети за објекти од нискоградба и 72 (19,8%) за реконструкција.

Од сите тие дозволи како краен резултат треба да произлезат 913 нови станови, со вкупна корисна површина од 81.247 квадратни метри. Најголемиот дел од нив – 322, ќе бидат лоцирани во скопската Општина Центар. Инаку, во Скопскиот регион ќе се изградат вкупно 471 стан. Издадени се 51 дозвола со вредност од 3.774.578.000 денари или околу 61,4 милиони евра.

Наспроти тоа, за Североисточниот регион има само осум одобренија вредни 27.133.000 денари (441 илјада евра).

За другите региони статистиката покажува – за Вардарскиот се дадени 12 дозволи (89.594.000 денари), а за Источниот 24 (180.126.000 денари). За Југозападниот се 36 (667.557.000 денари), од кои 21 во Кичево. А, за Југоисточниот регион се 63 (1.354.801.000 денари), меѓу кои повеќето од половината, или 36 се за Струмица. Во Пелагонискиот регион најмногу ќе се гради во Прилеп, каде што се издадени 34 од вкупно 56 одобренија, чија заедничка вредност е 1.490.950.000 денари (24,2 милиони евра). Издадени се и 113 дозволи за градба во Полошкиот регион. Вредноста е проценета на 884.877.000 денари.

Клучни зборови

  • градежништво
  • дозволи за градење
  • Државен завод за статистика
  • инвеститори
  • нови станови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk