Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Во нетрговски трансфер подарени 5.000 акции на „Попова Кула“

24 мар. 2025 г.·2 мин читање·1790 прегледи

Следете не на Viber

Акциите на девет друштва се застапени во минатонеделните нетрговски трансфери. Забележани се вкупно 7.252 хартии од вредност, меѓу кои доминираат издадените од „Попова Кула“ АД Демир Капија.

Акциите на винаријата имаат удел од безмалку 69 проценти. Подарени се или наследени 5.000 акции. Инаку, со овие акции не се тргува често на Берзата. Во последните 52 недели имало 16 трансакции, последната била во февруари, а цената за акција е 16 денари.

Често ги има во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност акциите на  „Македонски Телеком“. Овојпат се работи за 838.

Сопственоста е променета и кај 454 акции на „Макстил“ и 395 на „АрцелорМиттал (ХРМ)“. Исто така, во евиденцијата се и 228 обични акции на „Гранит“ и 166 на „ДС Смитх“. Минатата недела се трансферирани и 15 акции на „Окта“.

Според податоците објавени на Македонска берза, хартиите од вредност на „Алкалоид“ во евиденцијата се среќаваат двапати. Во понеделникот бил извршен пренос на 27, а во средата на 60 обични акции.

Во минатонеделните трансфери, единствените банкарски се акциите на Комерцијална банка. Имало три преноси: во понеделникот 54, во четвртокот 10 и во петокот 5 обични акции.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • нетрговски трансфери
  • Попова кула
  • Централен депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk