Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во најмасовната еко-акција повеќе од 18.000 волонтери собраа над 300 тони отпад

26 јун. 2024 г.·3 мин читање·3252 прегледи

Следете не на Viber

Рекордни над 300 тони отпад беа собрани во досега најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан – GENERALKA WEEKEND, по четврти пат организирана од „Мен енд Маунтен“ и главните стратешки партнери Пивара Скопје и „Пакомак“.

„Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и пензионерските клубови, месните и урбани заедници, националните паркови, специјалците и многу други организации со здружени сили и со неспоредлив чин на национална солидарност и пријателство над сите етнички и политички граници придонесоа во GENERALKA WEEKEND! Над 18.099 волонтери собраа 301.504 кг отпад на повеќе од 400 локации за време на GENERALKA WEEKEND помеѓу 15-19 мај 2024 година!“, велат Гордана Софија и Ханес Јекл од „Мен енд Маунтен“.

За генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев,  големиот број волонтери и постигнатите резултати даваат надеж дека заедно можеме да создадеме култура на одржливо живеење:

„Нашата определба да бидеме водечки стратешки партнер на најмасовната национална еколошка иницијатива GENERALKA WEEKEND произлегува од потребата да ја заштитиме животната средина и да бидеме двигател на позитивна промена во заедницата во која работиме. За нас како компанија е значајно корпоративната одговорност да ја преточиме во дела, а исклучителните резултати од овогодинешната акција покажуваат дека сме на прав пат. Сакам да изразам благодарност до тимот на Пиварци и до сите волонтери и партнери кои се вклучија во акцијата“.

Секоја година GENERALKA WEEKEND придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот, посочи генералниот менаџер на „Пакомак“, Филип Ивановски: „Ова е најмасовната и најефикасна еколошка акција во земјава и верувам ќе станува се помасовна, но исто се надевам дека ќе собираме се помалку несоодветно одложен отпад“.

Врз основа на меморандумот меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Национални шуми и „Мен енд Маунтен“, Владата на нашата земја ќе посвети по едно дрво на секои 10 килограми собран отпад за време на GENERALKA WEEKEND, во рамки на нивните годишни планови за пошумување се до 2031 година. До денес се засадени повеќе од 100.000 дрвја благодарение на заложбата на народот на Македонија.

Реализацијата на GENERALKA WEEKEND се должи и благодарение на поддршката од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, кои придонесуваат во оваа акција уште од 2021 година.

Како и во последните години, Шпаркасе банка и „Нула отпад“ се официјални партнери на акцијата, а годинава им се придружија и „Макстил“, „Бучим Боров Дол“, ЕВН, „Бимилк“ и „Костал“. И повторно како и досега Црвен крст се погрижи за безбедноста на сите учесници на GENERALKA WEEKEND 24.

Клучни зборови

  • GENERALKA WEEKEND
  • волонтери
  • Мен енд Маунтен
  • Отпад
  • Пакомак
  • пивара скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk