Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје, околу 12 километри од главниот град. Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Орланце и Мојанце. Врз основа на резултатите добиени од Пописот од 2021 година, во општината живеат 12.676 жители, 2.848 домаќинства и евидентирани се 2.815 станови.
Општината е дом и на многу компании, а десетте најголеми по промет во 2024 година свртеле вкупно 29,7 милони евра, покажува анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа. Истите тие компании во 2023 година направиле промет од 25,8 милиони евра. Десетте компании што направиле најголеми добивки во општината имаат вкупен профит од 2 милиони евра, и тие се покажале подобри отколку во 2023 година, кога профитот им бил 1,3 милиони евра. Најголемите 10 работодавачи во Арачиново лани има…