Минатата година, пред руско-украинската војна, се негуваа големи надежи дека ќе има раст на вложувања и економски развој што ќе нѐ врати во претпандемискиот период, но динамиката на отворање на фирми се задржа на нивото од 2021 година. Во 2022 година, отворени се 8.665 нови фирми, а во 2021 година биле отворени 8.662, покажуваат податоците од БизнисМрежа.мк, ажурирани до 16-ти јануари.
Порталот Пари направи анализа кога се отворале најмногу фирми, кои градови лани станале интересни за нови инвестициони вложувања, и какви фирми по обем се отвориле.
НАЈМНОГУ НОВИ ФИРМИ ВО АВГУСТ И ВО СЕПТЕМВРИ, СЕ „РАЗБУДИЈА“ МИКРОБИЗНИСМЕНИТЕ
Податоците покажуваат дека најмногу фирми се отвориле во септември – 1.497, што е 17,3 отсто од сите новоотворени фирми. Залетот на инвестициона активност бил во август, кога се отвориле 1.179 компании.
Новоосновани компании (по месец на основање)
01.01.2022 ‒ 31.12.2022
МесецНовоосновани компании
Јануари692
Февруари560
Март 687…