Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Во мај индустриското производството на пијалаци, облека и метали со раст од 27,2%

2 јул. 2021 г.·2 мин читање·1343 прегледи

Следете не на Viber

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 116.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 12.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 27.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 27.9 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 34.0 %, Капитални производи за 44.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 61.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 43.5 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, изнесува 106.0.

Клучни зборови

  • индустриско производство
  • мај
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk