Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Во мај: Годишен раст од 2,4 % на вкупните депозити и од 9,9 % на вкупната кредитна поддршка

22 јун. 2022 г.·4 мин читање·944 прегледи

Следете не на Viber

На годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 2,4%, при зголемување на депозитите на секторот домаќинства. Вкупните кредити на годишна основа се зголемени за 9,9% како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.

Монетарни движења во Република Северна Македонија: мај 2022 година

‒ Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во мај 2022 година оствари пад од 0,1% на месечна основа, пред сè како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, а во услови на раст на депозитните пари. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е зголемена за 2,7%, речиси целосно поради зголемувањето на краткорочните депозити, при пад на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек.

Вкупните депозити останаа непроменети во мај годинава, споредено со претходниот месец. Годишната промена е позитивна и изнесува 2,4%, што целосно произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.

‒ Вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,8% во текот на овој месец, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишната стапка на раст од 9,9% е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај корпоративниот сектор.

Во мај, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,1% на месечно ниво, пред сè како резултат на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад кај останатите компоненти. Споредено со мај минатата година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се пониски за 1,6%, главно заради намалувањето на долгорочните депозити во странска валута, како и краткорочните и долгорочните депозити во денари, а во помал дел и заради депозитните пари, при забележан раст на краткорочните депозити во странска валута.

‒ Кај кредитите на корпоративниот сектор8 , овој месец е забележан месечен и годишен раст од 0,5% и 11,9%, соодветно, поради растот на кредитите во денари и во странска валута, кој е поизразен кај кредитите во денари.

‒ Депозитите на домаќинствата бележат раст од 0,2% во мај во однос на претходниот месец. Растот во поголем дел се должи на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Годишниот раст изнесува 4,5% и пред сè се објаснува со зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при помало позитивно влијание и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити.

‒ Овој месец, вкупните кредити на домаќинствата растат со стапка од 1,1%, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, малку поизразено во денари. Споредено на годишна основа, овие кредити бележат раст од 8,0% и во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Во мај годината, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, остварија месечен раст од 0,8% и 1,2%, соодветно, додека на годишно ниво се зголемени за 6,9% и 15,8%, соодветно.

Во мај, автомобилските кредити бележат месечно и годишно намалување од 2,4% и 8,9%, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички овој месец се зголемени за 0,7% на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 2,2%. Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен и годишен раст од 2,1% и 0,5%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно и годишно ниво за 1,9% и 34,4%, соодветно.

Клучни зборови

  • депозити
  • кредити
  • мај
  • монетарни движења
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk